Избор Спорт ТОП ВЕСТИ

Охрид Лихнидос со нов тренер гостува кај Кадино

Охрид, 21. септември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Со нов тренер и силна амбиција за победа се охридските фудбалери на Охрид Лихнидос, кои денес гостуваат кај Кадино во борба за први поени во Втората лига по четири одиграни кола.

Ова ќе биде тренерско деби на клупата на Охрид Лихнидос за поранешниот македонски репрезентативец Гоце Толески кој стапи на оваа функција по оставката на Драган Бочески.

„Сино белите“ ќе се обидат на гости кај Кадино да ги прокнижат премиерните поени.

Натпреварот е со почеток во 15:30 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

 

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави