Избор Спорт ТОП ВЕСТИ

Гоце Толески нов тренер на ГФК Охрид Лихнидос

Охрид, 20. септември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Поранешниот македонски репрезентативец, Гоце Толески е назначен за нов тренер на ГФК Охрид Лихнидос.

Ова доаѓа по повлекувањето од тренерската клупа на Драган Бочески по поразот од битолски Пелистер.

Толески веќе неколку години како тренер работи во спортската Академија во Охрид. Во својата играчка кариера, покрај за Охрид, настапуваше и за Напредок, Ренова и Работнички на домашната фудбалска сцена, како и за Славија Прага, Мост, Млада Болеслав, Сигма Оломуц во чешкиот шампионат, но и за германски Вакер Бургхаузен.

Предизвикот е уште поголем што и по четири одиграни кола охриѓани се без освоен бод во Втората лига. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави