Избор Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Четири лица киднапирале маж во Струга, па го нападнале

Струга, 20. септември 2019 (ОХРИДПРЕС) – На 19-ти септември 2019 година, во 16:50 часот, во Полициската станица во Струга, 30-годишниот М.З. од струшкото село Лабуништа, пријавил дека околу 12:30 часот на улицата „Маршал Тито“ во Струга, со употреба на сила, Д.Н. од Охрид и уште три лица го внеле во патничко возило и го однеле на имотот на И.К. во Охрид, каде И.К. и Д.Н. физички го нападнале.

– Причина за нападот биле претходни меѓусебни недоразбирања. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави