Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес претежно сончево и свежо време со температура до 20. степени

Охрид, 21. септември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес ќе биде претежно сончево и свежо со ниски утрински температури и со слаб до умерен југоисточен ветер.

Maксималната температура во Охрид ќе се искачи до 20. степени.

– За време на викендов времето ќе биде стабилно, до понеделник со ниски утрински температури. Во понеделник попладне и во вторник ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и локална појава на грмежи, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука