Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Фатени сторители на тешки кражби во маркети во Охрид

Охрид, 21. септември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Поради постоење основи на сомнение за сторени пет казнени дела „тешка кражба“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 52-годишниот Ш.Е. од Скопје и 28-годишниот В.Ц. од Неготино.

– Кривичната пријава против Ш.Е. е дополнета и за сторено казнено дело „фалсификување исправа“, бидејќи изготвил лажна лична карта со цел да го прикрие својот идентиет. Пријавените, кражбите ги извршиле во периодот од 30-ти август до 15-ти септември 2019 година, во повеќе маркети лоцирани на улиците „7 ноември“, „15 корпус“, „Гоце Делчев“, „Абас Емин“, „Даме Груев“ во Охрид, каде, влегувале користејќи подесен алат и физичка сила, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави