Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Хуманитарна и спортско-рекреативна акција „За посреќно детство“ во Охрид

Охрид, 21. септември 2019 (ОХРИДПРЕС) – На Градскиот плоштад во Охрид денес се одржа традиционалната хуманитарна и спортско-рекреативна акција „За посреќно детство“.

Овој настан кој е во организација на охридскиот Црвен крст, започна во 11:00 часот со „главна трка“ на младите чиј старт беше од плоштадот „Крушевска република-Чинар“, а цел на Градскиот плоштад „Климент Охридски“, каде продолжија спортските, културно забавни и здравствено-едукативни содржини проследени со голем број награди.

– Учество на овој настан се обезбедуваше со купување на учеснички број кој чини 30 денари. Средствата собрани од продажбата на учеснички броеви за акцијата, ќе бидат наменети за помош на децата со здравствени потешкотии од социјално загрозените семејства во Охрид и Дебрца. Секој кој ќе купи учеснички број ќе има можност да се натпреварува во бројни спортски дисциплини: фудбал, баскет, одбојка, ракомет, тенис, бадминтон, шах, пикадо, возење велосипед, аеробик и друго, со што станува потенцијален добитник на награда во големата наградна игра со преку 50 вредни награди (седумдневно зимување на Златибор, петдневен престој во Крагујевац, петдневен престој во Суботица, викенд во Крушево, курсеви за странски јазици, компјутерска галантерија и др.) кои ќе бидат извлекувани во живо на една од локалните телевизии, информираат организаторите.

Традиционален партнер на акцијата, Стоматолошки Центар „Д-р Баткоски“ и оваа година подготви голем број награди и изненадувања, како и бесплатни корисни совети и препораки за правилна грижа и заштита на здравјето на устата и забите кај децата и возрасните.

– Настанот „За посреќно детство“ по осми пат успешно реализиран на Градскиот плоштад во Охрид. Стоматолошкиот центар „Др. Баткоски“ во соработка со Црвениот Крст – Охрид, аптеките „Виа Фарм“, и други помагатели, повторно изнудија среќни и насмеани детски лица. Покрај многуте спортски активности, трки, забава, фестивал, детски игри, оваа година главна атракција беа жонглери, мимичари и куклен театар. @Curaprox Macedonia како главен спонзор додели #Curaprox четки за заби на сите дечиња. Се делеа и балони, топки и други награди. Дел од атмосферата на овој настан можете да ја проследите во следната галерија, информираат од „Д-р Баткоски“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави