Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Земјотрес од 5,3 степени во Албанија, почувствуван во Охрид

Драч/Охрид, 21. септември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Силен земјотрес со магнитуда од 5,3 степени, се случи денес, нешто по 16:00 часот во соседна Албанија, а беше почувствуван и во Охрид.

Според првичните информации, епицентарот на потресот се случил на длабочина од само 5 километри, на околу 4 километри северно од Драч и околу 30 километри западно од Тирана.

Земјотресот предизвика вознемиреност кај охриѓани. До ово момент нема информации за евентуални штети од истиот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави