Економија Избор ТОП ВЕСТИ

25 години Салон за мебел „Гир Риг“

Охрид, 21. септември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Охридската компанија „Гир Риг“ деновиве прославува 25 години од отворањето и успешно опстојување на компанијата на пазарот во Охрид и Битола.

Компанијата годиниве наназад успеа да прерасне во сериозен бренд на кој охриѓани му веруваат и често своите домови и деловни простории ги опремуваат токму со производите од широкиот асортиман врвен мебел од најпознатите домашни и странски производители.

Салонот во Охрид започна со работа во 1994 година. „Гир Риг“ располага со најширок асортиман мебел од домашни истрански производители.

Од 2004. година работи во сопствени простории на преку 2.500 м2. Во 2009. година е отворен салонот во Битола. Само две години подоцна салонот за мебел „Гир Риг“ беше прогласен за најпопуларен на територијата на Битола, каде компанијата денес поседува сопствен модерен салон на преку 500 м2.

Погледнете ја специјалната роденденска понуда која трае од 23-ти до 28-ми септември.

Image may contain: text

Image may contain: text

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави