Продолжува „драмата“ со пешачкиот премин кај „Охридска банка“ – нигде ѕирка ни проѕирка (Фото)
Охрид, 25. септември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Продолжува „драмата“ и играта со нерви помеѓу граѓаните и одговорните околу пешачкиот премин кај „Охридска банка“.
И покрај тоа што е забрането преминувањето, а беа поставени и привремени огради, граѓаните секојдневно го користеа, и покрај тоа што има премин на 20-тина метри, кон Градскиот пазар.
Екипи на локалните Јавни претпријатија попладнево поставија нови „барикади“, со што е отежнато поминувањето на овој некогашен пешачки премин.
Останува да видиме кој ќе победи во оваа „војна“ – граѓаните или одговорните од локалната самоуправа. Повремено на овој потег стои и полициска екипа, која ги опоменува граѓаните кои поминуваат. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |