Охрид, 26. септември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Учениците од ОУ „Григор Прличев“, Охрид од одделенска настава, заедно со учителките Даниела Тупанческа V1, Даниела Печијареска V2 и Биљана Иваноска I1 имаа можност да присуствуваат на промоција во НЛБ Тутунска банка по повод Месецот на штедењето.
Банката за најмладите има подготвено проект/приказна преку ликовите Штуки и Тиби. Низ станици на боенка, блокчиња за цртање и масли со ликовите тие ги запознаа учениците со постепеното детско штедење. Во одлична атмосфера, учениците се запознаа со работењето на банката. Остварија контакт со вработените кои им ја објаснија целта на штедењето, информираат од училиштето.
Целата приказна имаше вселенски карактер, штедењето влијае на сите нас и доколку се штеди на иниректен начин се заштитува и нашата планета, а и Сончевиот систем. Ова предавање/приказна беше едукативно успешна и истовремено побуди голем интерес кај нив. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива