Економија Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Герасимовски: Зад нас во „Гир Риг“ се 25 успешни години, за нас купувачот е секогаш на прво место

Охрид, 26. септември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Охридската компанија „Гир Риг“, специјализирана за продажба на мебел работи успешно полни 25. години. Со скромни почетоци, денес прерасна во сериозна општествено-одговорна компанија која е нераскинлив дел од животот на градот.

За предизвиците со кои се сретнуваат годините наназад, за роденденот, но и за идните планови на компанијата, разговараме со Павел Герасимовски, од секторот за продажба на „Гир Риг“.

Супер радио: Компанијата „Гир Риг“ постои на пазарот во Охрид веќе полни 25 години. Какви беа почетоците?

Герасимовски: Започнавме со работа во далечната 1994. година во салон на само 80 м2 и неколку вработени. Со постојана грижа за купувачите, зголемување на асортиманот, успеавме да ја заслужиме нивната доверба што резултираше и со зголемен обем на работа и проширување на компанијата. Во 2004. година се преселивме во сопствени простории на преку 2.500 м2. Низ годините „Гир Риг“ прерасна во општествено одговорна компанија која е нераскинлив дел од животот на градот – години на посветеност и грижа за потрошувачите и продажба на најквалитетни производи.

Супер радио: Започнавте во Охрид, но набрзо почувствувавте дека можете повеќе и започнавте со проширување. Како се развиваше приказната на „Гир Риг“?

Герасимовски: Во 2009. година, компанијата отвори салон во Битола каде по многу кратко време беше препознаена како сериозен партнер. Во 2011. година „Гир Риг“ беше прогласен за најпопуларен салон за мебел на територијата на Битола. Компанијата денес поседува модерен салон во Битола на преку 500 м2. Покрај салоните поседуваме и магацински простории од каде робата се пренесува навремено до нашите муштерии.

Супер радио: Секоја компанија се соочува со проблеми во работењето. Кои се најголемите со кои се соочувате во секојдневното работење?

Герасимовски: Нормално е да има проблеми, меѓутоа се трудиме тоа да го решиме најбрзо и нормално во прилог на потрошувачот. За нас купувачот е секогаш на прво место и нормално е секоја одлука која се носи да биде во нивни прилог и тој да не биде оштетен во никоја ситуација. Продажбата на мебел е специфична гранка. Побарувањата од муштериите се секогаш различни, такви се и човечките карактери. Сепак, искуството низ годините направи да се справуваме одлично и со овој многу важен сегмент од работата.

Супер радио: Секогаш активни и на полето на маркетингот. Постојано нудите акции и поволности за Вашите купувачи. Што најчесто купуваат охриѓани?

Герасимовски: Бидејќи самата понуда е многу широка и разновидна, самите муштерии имаат доста можности за избор на соодветниот производ кој им е потребен. Нашата цел е секогаш да бидеме што подостапни како за охриѓани, така и за сите купувачи низ Македонија, бидејќи вршиме достава низ целата држава. За таа цел имаме производи за сите, односно за „за секој џеб“. Покрај тоа, се стремиме да негуваме повеќе стилови на мебел. За купувачите кои не се во можност да ги посетат нашите салони, ја редизајниравме веб страната каде веќе работи и online продавница. Сега секој може да нарача мебел преку нашата страна од дома. Секој производ е со соодветна спецификација, цена итн. Покрај тоа активна е и нашата Facebook страна, каде исто така може да се најдат информациите за сите наши производи.

Супер радио: „Гир Риг“ прерасна во сериозна компанија, која е вистински лидер во својот сегмент во поширокиот регион. Да ни откриете дел од плановите. Што можат да очекуваат купувачите во блиска иднина од Вас?

Герасимовски: За нашите верни потрошувачи подготвуваме нешто големо и сериозно во наредниот период. Слободно можам да кажам дека скоро се’ е подготвено и ние со нетрпение го очекуваме тој нов почеток, со кој, по мое скромно мислење, ќе се искачиме едно ниво погоре во понудата. Нормално, секојдневно работиме на тоа да бидеме подобри и подобри во секој сегмент, да одговараме најсоодветно на барањата од муштериите, бидејќи верувајте, кога добро ќе се заврши целата работа, задоволството е обострано. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука