ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Георгиески: Навреме да се отстрануваа дивоградбите, сега ќе немавме проблеми

Охрид, 26. септември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Ако општината постапувала така како што постапивме ние на секоја активност на дива градба да се пристапи кон отстранување по основ на решение, ќе немавме проблем со бесправно изградени објекти.

Градоначалникот Константин Георгиески рушењето на дивоградбата на улицата „Марко Нестороски“ рече дека е процедура која години наназад заостанувала во општината, да се санкционираат такви девијантни појави на бесправна градба. Тој потенцира дека додека е градоначалник ќе биде востановена праксата секоја нова дива градба да заврши како таа куќа. Сопствениците сега добиле 20 дена сами да ја отстранат дивоградбата, во спротивно повторно ќе постапат општинските служби.

Георгиески: На општината ѝ се „врзани“ рацете за постапување со плажите

– Сопствениците на тој објект потпишаа согласност дека сами ке ја отстранат дивоградбата за 20 дена, таа можност им ја дадовме. Ако не постапат, повторно ќе извршуваме. Што се однесува до објектите на крајбрежјето, кои се со постар датум ние постапуваме. Дел од угостителите почнаа сами да ги отстрануваат платформите. Сите тие добија решенија за извршување за вчера, им дадовме рок од три дена, ако не ги отстранат да ги отстраниме ние. Платформите ќе се отстрануваат целосно како на угостителските објекти така и на плажите.истакна Георгиески.

Координаторот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ, Кирил Пецаков истакна дека акцијата за рушење започна но, зошто од тој објект.

Пецаков: Во периодот кој следи ние како град мора да направиме нешто

– Многу посериозно требаше да му пристапиме на овој проблем, наместо по 10 или 15 пати да разговараме за препораките поврзани со УНЕСКО и дивоградбите ние разговаравме за прв пат за мораториумот но, ајде од некаде се почнало. Она што од нас беше барано и што претставува бренд и го има Охрид изминативе години, статусот како членка на УНЕСКО треба да направиме да го задржиме со сите постапки да го спроведиме. Започна акцијата, не знам зошто од тој објект но факт е дека од тие дивоградби има во заштитен појас и кои се проблем и го загрозуваат статусот, а има и објекти кои не го засегаат статусот. Една работа се плажите до Св.наум, платформите во Стар град и сите останати дивоградби, потенцира Пецаков.

Георгиески вели дека сега треба да почене проценка на влијание врз животната средина на сите тие објекти. Решенија за отстранување има за сите 409 предмети за дивоградби, а ќе се отстрануваат само оние со правосилни заклучоци за отстранување.

– Има објекти кои се со решенија за отстранување, а обжалени се на суд, дел имаат барање за легализиација и тие не може да ги извршуваме, рече Георгиески.
Градоначалникот уште еднаш потенцира дека дивоградбите се проблем напластуван со години и дека оваа битка ќе трае година, две, три, можеби друг градоначалник ќе треба да ја продолжи. Но, сепак работите се помрднати од мртва точка и променети се сфаќањата дека мора да се почитува правото и законот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука