Избор Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Марихуана и патрони за ловна пушка пронајдени кај лице од струшко Заграчани

Струга, 26. септември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против 48-годишниот З.А. од струшкото село Заграчани поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

– На 4-ти јули 2019 година, полициски службеници извршиле претрес во неговиот дом, при што пронашле марихуана, стебла од растението Cannabis и 18 патрони за ловна пушка кои нелегално ги поседувал, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука