Струга, 27. септември 2019 (ОХРИДПРЕС) – По повод меѓународниот ден на мирот, ученици и професори на ПСУ „Јахја Кемал“ од Струга организираа ревијален велосипедски маратон кој започна наГградскиот плоштад во Струга, а заврши во охридската чаршија.
– Ние, наставниците и учениците на ПСУ „Јахја Кемал“ од Струга возевме велосипед помеѓу Струга и Охрид. Во денови кога не само луѓето, туку и животните и растенијата имаат потреба од мирот, чувствуваме гордост поради оваа активност. Сакаме да им се заблагодариме на сите кои учествуваа во оваа активност под мотото „Сврти педал за мир“, посакувајќи свет полн со мир, велат од управата на „Јахја Кемал“ од Струга.
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 20