Избор Култура

Завршува фото конкурсот на „Просветно дело“

Охрид, 15. април 2015 (ОХРИДПРЕС) – Фото-Конкурсот по повод 70-годишнината на Просветно дело, завршува денес.

И охриѓани имаа можност да учествуваат на овој конкурс со постирање на интересна фотографија направена со некое издание на Просветно дело (боенка, сликовница, роман, радосница). Фотографиите се споделуваа на официјалната Фејсбук страница на ПросветноДело.

Утре се навршуваат 70 години од основањето на Просветно дело и од објавувањето на првиот Буквар на македонски јазик. Во тој контекст, Просветно дело има длабоко историско-културолошко значење, пред се` заради остварувањето на вековните желби на Македонците за свој јазик, писменост и култура. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука