Битола/Охрид, 3. октомври 2019 (ОХРИДПРЕС) – Проф. д-р Сашо Коруновски е реизбран за ректор на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола.
Одлуката е донесена на 247-та седница на Ректорската управа, на која е избран новиот проректорски тим на Универзитетот. Ректорскиот колегиум на УКЛО го сочинуваат уште четворица ресорни проректори и тоа:
– Проф. д-р Гордана Трајкоска, проректор за финансии и развој
– Проф. д-р Љупче Кочоски, проректор за настава
– Проф. д-р Игор Неделковски, проректор за наука
– Проф. д-р Марјан Ѓуровски, проректор за студентски работи.
Изборот на новото раководтсвото на УКЛО е реализиран во согласност со новиот Закон за високото образование, со мандат од три години. (Крај)
извор: setaliste.com.mk фото: setaliste.com.mk
Прочитано: 46