октомври 6, 2019

Охрид, 6. октомври 2019 (ОХРИДПРЕС) – Охрид остава зад себе прекрасен сончев октомвриски ден, во кој уживаа бројни гости, но и локалните жители.

Познатиот Дџ Славе Келешоски, денес го искористи сончевото време да се искапи во водите на Охридското Езеро, а истото го сторија повеќе охриѓани на потегот кај „Мазија“.

Image may contain: Slavé Kelesovski, smiling, ocean, outdoor and water

– Водата е супер, порача Келешоски пред да нурне во чистите езерски води.

Метеоролозите за денес најавуваат сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура во Охрид се искачи до 19. степени. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Славе Келешоски

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука