Економија Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Регионална работилница за управување на ризик во Охрид

Охрид, 7. октомври 2019 (ОХРИДПРЕС) – Во рамките на проектот на ЕУ „Поддршка за олеснување на трговијата меѓу страните на ЦЕФТА“, во координација со Deutsche Gesellschaft fuer Internationale Zusammenarbeit (ГИЗ), GmbH и Тhe International Trade Centre (ITC), утре во Охри ќе се одржи Регионална работилница за управување на ризик.

На работилницата која ќе се одржи во хотелот „Unique“ ќе учествуваат претставници од ЦЕФТА страните, а на отворањето поздравно обраќање ќе има директорот на Царинска управа Ѓоко Танасоски, информираат организаторите. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави