Спорт

Брестовац ќе ротира 23 ракометари против Турција и Грузија

Скопје, 9. октомври 2019 (ОХРИДПРЕС)Селекторот на машката сениорска репрезентација, Данило Брестовац, го објави списокот од 23 ракометари кои ги повика за претстојниот собир и настап на пријателските натпревари во рамки на ЕХФ неделата.

ЕХФ неделата ќе се одржи од 21 до 27 октомври, во рамки на подготвителниот период за настап на Европското првенство 2020 во Австрија, Шведска и Норвешка. Мамедонската репрезентација ќе одигра дуели со Турција и Грузија.

Брестовац повика 23 ракометари, меѓу кои од поискусните ги нема пикерите Стојанче Стоилов (повреден) и Велко Маркоски, крилото Гоце Георгиевски и голманот Никола Митревски. (Крај)

извор: Плусинфо фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави