Македонија

12-ти Меморијален марш „Чичко Јосиф Илковски“ во Скопје

Скопје, 16. април 2015 (ОХРИДПРЕС) – Во чест на планинарот, писател, кој трагично загина бранејки ја убавината на планината Китка – Јосиф Илковски (1924-2001) и годинава во Скопје ќе се одржи Меморијален марш.

Мото на маршот е заветот на Чичко Јосиф – „Човеку- нечовеку, границата твоја е доброто-злото“.

Основна цел е масовно вклучување на граѓаните во планинарството како спорт за своја душа и тело. Искачувањето на Китка овозможува прошетка по прекрасните падини, без оглед на староста и пол. Маршот е составен од две патеки, екстремна патека и рекреативна патека.

Меморијалниот марш ќе биде организиран на 19-ти овој месец. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави