Економија Избор Македонија

Наградна игра „Мој ДДВ, моја награда“

Скопје, 9. октомври 2019 (ОХРИДПРЕС) – На предлог на Министерството за финансии, со цел понатамошно зајакнување на фискалната дисциплина и подигањето на свеста на граѓаните за задолжително барање и земање на фискални сметки, на вчерашната седница на Владата е усвоена информацијата за организирање наградна игра „Мој ДДВ, моја награда“.

Мерката, како што соопшти владината прес – служба, ќе генерира дополнителни приходи за граѓаните, а ќе ја спроведува Државната лотарија како овластено трговско друштво во целосна сопственост на државата, во соработка со Министерството за финансии и Управата за јавни приходи. (Крај)

извор: Сител фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави