Спорт

Аргентинците со „германски“ пресврт до реми против Германија (видео)

Дортмунд ,10. октомври 2019 (ОХРИДПРЕС)Германија и Аргентина одиграа пријателски меч на „Сигнал Идуна парк“ во кој двата селектори со ослабени тимови на крајот се задоволија со 2:2 реми, откако Аргентина успеа да се врати во второто полувреме по ужасниот старт.

Ѕвездата на Баерн Минхен, Серж Гнабри беше најдобриот во првото полувреме, откако постигна гол во 16. минута и му асистираше на Каи Хаверц за 2:0 во 22. минута и кога се мислеше дека момците на Јоаким Лев ќе стигнат до убедлива победа во репризата на финалето од Светското првенство во 2014 година, Аргентинците направија пресврт.

Напаѓачот на Баер Леверкузен, Лукас Аларио успеа да намали на 2:1 во 66. минута од мечот, а Лукас Окампос со голот во 85. минута покажа дека и Аргентинците знаат да играат 90 минути, онака на германски начин. (Крај)

извор: Топспорт фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави