Избор Локална самоуправа ОБРАЗОВАНИЕ

Општина Охрид распиша Конкурс за доделување стипендии

Охрид, 10. октомври 2019 (ОХРИДПРЕС) – Врз основа на член 50, став 1 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр 5/02) Градоначалникот на општина Oхрид објави два Конкурси за доделување стипендии.

Конкурс за доделување стипендии на ученици од општинските основни и средни училишта на подрачјето на општина Охрид за учебната 2019/2020 година.

Конкурс за доделување стипендии на редовни студенти од општина Охрид запишани на додипломски студии на државните универзитети во Република Македонија и на државни универзитети во други земји за академската 2019/2020 година. (Крај)

извор: Општина Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави