Охрид, 11. октомври 2019 (ОХРИДПРЕС) – Охрид е во периодот од годината кога променливото време прави половина од жителите да се по кратки ракави, другата половина по јакни.
Ова не им посмета на бројни граѓани, кои денешното прекрасно сончево време го искористија да се искапат во водите на Охридското Езеро.
Најбројни беа на плажата пред поранешното одморалиште „Орце Николов“, во населбата „Свети Стефан“. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
Прочитано: 27