Охрид, 13. октомври 2019 (ОХРИДПРЕС) – По се’ изгледа, Охрид ја остава полека зад себе една од најдолгите туристички сезони.
За тоа максимално придонесува прекрасното време, кое не дозволува градот да остане без туристи и посетители, што ја прави сликата уште поубава. Градот е полн, полни се и голем дел од угостителските капацитети, а продолжениот, празничен викенд донесе бројни домашни и странски посетители.
Најхрабрите деновиве го искористија сончевото и невообичаено топло време за овој период од годината да се искапат во водите на Охридското Езеро.
Максималната температура денес во Охрид се искачи до 24. степени, а метеоролозите најавуваат дека во текот на следните денови продолжува периодот на претежно сончево време со натпросечни дневни температури. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес