Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

23-годишен скопјанец е лицето што синоќа дивеело низ Охрид

Охрид, 17. октомври 2019 (ОХРИДПРЕС) – Познат идентитетот на лицето што синоќа предизвикало неколку инциденти во строгиот центар на градот.

На 16-ти октомври во 20:00 часот, полициски службеници од СВР Охрид на улица „Св. Климент Охридски“ во Охрид од слобода го лишија 23-годишниот Х.С. од Скопје. Тој, според претходно добиена пријава, со пиштол на дијаболи во рацете влегол во три златари на истата улица.

По целосно документирање на настанот и во консултација со Јавен обвинител СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави