Барселона остана „совршена“, Зенит со голема победа над Олимпијакос
Барселона, 19. октомври 2019 (ОХРИДПРЕС) – Барселона одигра одлично второ полувреме, за да стигне до третата победа во третото коло на Евролигата, овојпат со убедливи 103:84 над Алба Берлин.
Откако денот во Каталонија беше одбележан со масовните протести за независност на оваа шпанска провинција и со одложувањето на фудбалското „Ел класико“ помеѓу Барса и Реал Мадрид за декември, немаше разговор за одложување на мечот од Евролигата.
Кори Хигинс беше најзаслужен за победата со 22 поени, 3 скока и 2 асистенции, додека Никола Миротиќ додаде 18 поени. Алба поведе со 25:19 на крајот на првата четвртина, но во второто полувреме Барса беше во топ-форма.
Целиот текст прочитајте го ОВДЕ
извор: Топспорт фото: архива
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |