октомври 19, 2019

Охрид, 19. октомври 2019 (ОХРИДПРЕС) – Бројни посетители од сите делови на државата, домашни и странски гости и овој викенд уживаат во убавините на Охрид, нашиот најголем туристички центар.

Кафе баровите и рестораните се солидно исполнети, а најраздвижено беше по Градскиот кеј, каде сите го искористија убавото време предпладнево за прошетка покрај езерото.

Метеоролозите за денес најавуваат сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од јужен правец. Maксималната температура во Охрид ќе се искачи до 22. степени.

– Продолжува периодот на претежно сончево и топло време. По одделни котлини ќе има услови за слаба утринска магла, информираат од УХМР. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука