Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ Туризам

Јаневски: Ова е една од рекордните години со странски туристи

Скопје, 29. октомври 2019 (ОХРИДПРЕС) – Според Љупчо Јаневски, директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ), со сегашниот систем на субвенционирање и туристичка понуда во тек на годината не можеме да примиме повеќе од 1,5 милиони туристи и повеќе од четири милиони ноќевања.

– Ова е една од рекордните години со странски туристи од мај до октомври. Сезоната треба да се продолжи уште повеќе, да се создадат нови атракции и да се понудат нови пакети, односно од три до пет дневни аранжмани, не само кога говориме за нордиските земји, туку и за останатите регионални балкански држави. Престојот на турските туристи во просек е 1,6 дена, а треба да се бориме за ден или два дена повеќе. Се надеваме дека од македонските агенции ќе има понуда за Македонија на три до пет дена. Дополнително се надеваме дека новиот модел на субвенционирање ќе биде базиран на сместувачките капацитети, тоа значи дека ние предлагаме да имаме едни субвенции за хотели со пет ѕвезди, четири и три ѕездички, додека сите дестинации да бидат исти. Туристот кој ќе дојде од Турција и тој од Холандија да бидат исти, рече Јаневски.

Турските туристи кои се најбројни во државава, околу 120 илјади годишно со над 160 илјади ноќевања, земаат најмал број на субвенции, по 15 евра, а за холандските кои се со речиси ист број на ноќевања изнесува 65 евра.

– Многу нешта се изменија и слободните патувачи се повеќе се одлучуваат да летуваат неколку пати во текот на годината, по три до четири дена, повеќе се мотивирани од алтернативните форми на туризам, гастрономијата, културното наследство и се повеќе го избегнуават сегментот на пакети од седум до 14 дена, освен азиските туристи кои во наредниот период ќе бидат предизвик за нашата земја, како дестинација да бидеме што повеќе присутни во кружните регионални тури и на тој начи ќе овозможиме повеќе азиски туристи и ноќевања и секако поголем број кинески туристи, укажа Јаневски. (Крај)

извор: АППТ фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави