Избор Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

Извршен технички прием на новата спортска сала во ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“

Охрид, 30. октомври 2019 (ОХРИДПРЕС) – Извршен е технички прием на новата спортска сала во ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ Охрид.

Изградбата на салата започна во февруари годинава, а беше дел од проектот „Изградба на 145 спортски сали“ на Министерството за образование и наука, во соработка со општина Охрид. Наскоро ќе се случи и формалното примопредавање и започнување со нејзина употреба.

Спортската сала е со големина од 650 м² и комплетно опремена со потребните спортски реквизити, па така после долги години ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ доби спортска сала по сите стандарди.

Во рамки на проектот се замени дотраената покривна конструкција, а се заменува и старата дограма со нова енергетски ефикасна.  Дополнително училиштето ги реновира дел од училниците, а таквата активност ќе продолжи и во понатамошниот период. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука