ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Земјотрес од 5,2 степени во Албанија, почувствуван во Охрид

Корча/Охрид, 1. ноември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Силен земјотрес со магнитуда од 5,2 степени, се случи рано утрово, во 06:25 часот во соседна Албанија, а беше почувствуван и во Охрид.

Според првичните информации, епицентарот на потресот се случил на длабочина од 10 километри, на околу 14 километри северно од Корча и околу 123 километри североисточно од Тирана.

Земјотресот предизвика вознемиреност кај охриѓани. До овој момент нема информации за евентуални штети од истиот.

Земјотрес со слична магнитуда, од 5,3 степени ја погоди Албанија на 21-ви септември, оваа година, при што беа предизвикани и материјални штети. Следуваше период во кој беа регистрирани неколку потреси, кои го вознемирија населението во регионот.(Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука