Шпаркасе банка и официјално стана сопственик на Охридска банка
Скопје/Охрид, 4. ноември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Шпаркасе банка од денеска е сопственик на Охридска банка откако ги купи сите акции на досегашниот сопственик на Охридска банка, француската Сосиете Женерал.
Како што е соопштено, Штаермеркише банка и Шпаркасен АГ (Steiermärkische Bank und Sparkassen AG) се стекна со 472.839 акции и 91,5733 отсто од гласачките права, додека, пак, Сосиете Женерал Групацијата, ги продаде сите 384.844 акции издадени од Охридска банка АД Скопје и веќе не е нејзин сопственик.
Деталите за преземањето на Охридска банка АД Скопје од страна на Штаермеркише банка и Шпаркасен АГ, како и идните планови на Банката ќе и бидат официјално презентирани на јавноста на 8 ноември 2019 година.
Викендов се менуваа рекламите поставени на централната зграда на Охридска банка, еден од симболите на Охрид. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |