Спорт

НБА: Вориорс без ѕвездите го победија Портланд, блескаше Паскал (Видео)

Оукленд, 5. ноември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Џејмс Харден, Кајри Ирвинг, Девин Букер и Ерик Паскал ја обележаа изминатата ноќ во НБА лигата.

Голден стејт Вориорс без ѕвездите (Томпсон, Кари, Грин, Расел) ја забележаа втората победа во сезоната. Вориорс го победија Портланд 127:118. Изненадувачки Вориорс го контролираа натпреварот, а клучната серија ја направија во последната четвртина кога при резултат 99:99 постигнаа 12 поени во низа.

Ерик Паскал постигна рекордни во кариерата 36 поени на кои придодаде 13 скока, додека Кај Боумен уфрли 19 поени. Портланд го предводеше Демијен Лилард со 39 поени.

Целиот текст прочитајте го ОВДЕ

извор: Топспорт фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука