Избор Култура ТОП ВЕСТИ

Поради голем интерес и вечерва проекција на филмот „Врба“

Охрид, 6. ноември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Поради зголемениот интерес на публиката од прикажувањето на филмот „Врба“ на режисерот Милчо Манчевски проекција ќе има и вечерва.

Почетокот е во 20:00 часот, а цената на влезниците е 150 денари.

Исполнетата сала во Центарот за култура во сите денови на прикажување докажа дека публиката и покрај времето во кое живееме е жедна да погледне филм на големото платно.

„Врба“ ја следи приказната за три македонски жени кои не го менуваат светот или општеството, но нивната борба да станат мајки ги прави хероини во филмот. Во него се испреплетуваат три приказни за љубовта и довербатa, едната од македонското средновековие, a другите современи. Иако ги раздвојуваат векови, ликовите во „Врба” имаат слични грижи, радости и соништа.

– Врба е љубовен филм за денешни и дамнешни души. Не е важно која е темата или пораката на едно уметничко дело, важно е тоа да те допре, расплаче, насмее или налути, вели режисерот Манчевски. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави