Избор Култура Охрид ТОП ВЕСТИ

Охридските ученици со пофалници се враќаат од 52 Детски Рацинови средби

Охрид, 6. ноември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Охридски ученици, вљубеници на убавиот пишан збор, со пофалници се враќаат од „52 Детски Рацинови средби“, кои во организација на Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ и општината, се одржаа во Велес.

– Во конкуренција на ученици од сите основни и средни училишта од Македонија за конкурсот на тема „Белите мугри во светлината на денот“, пофалници добија Николче Ангеловски од ОУТУ „Ванчо Питошески“ под менсторство на професорот по македонски јазик и литература, Перчо Божиновски и Сара Петковска од ОУ „Кочо Рацин“ по менторство на професорката по македонски јазик и литература, Наташа Неданоска. Во рамките на „52 Детски Рацинови средби“, кои беа свечено отворени во Градската библиотека „Гоце Делчев” во Велес, учениците учествуваа на поетска работилница, оддадоа почит кон Рацин пред двата негови споменика. Се одржа и традиционална поетска средба во „Сокачето на поезијата“ пред родната спомен-куќа на Рацин и се оствари посета на ликовната колонија во куќата на Рацин, информираат организаторите.

Додаваат дека детските Рацинови средби се посебен празник на душата, а учениците и нивните ментори вистински вљубеници и почитувачи на Рациновиот лик и дело. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави