Избор Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Георгиески: Продолжувајќи го аманетот на нашите предци да ја сочуваме со животи платената слобода го градиме и разубавуваме Охрид

Охрид, 7. ноември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Денеска Охрид празнува, чествува и се потсетува на храброста и пожртвуваноста на охриѓани кои пред 75 години во борбата против фашистичкиот окупатор ги вградија своите животи за слободен град, истакна градоначалникот Константин Георгиески на одбележувањето на годишнината од ослободувањето на Охрид.

Од ослободувањето до денес многу нешта се промениле но не и напорите на темелите на правдата , исправното и доброто да го развиваме Охрид како значаен економски , туристички, културен и образовен центар, истакна градоначалникот.

– Историјата забележала многу датуми, но само 7-ми ноември е поврзан со борбата за слобода на Охрид и охриѓани . Со пожртвуваност и храброст, умешност и мудрост нашите сограѓани ја донеле толку посакуваната слобода удирајќи ги темелите на современ град. Чесно и посветено работиме на крупни проекти за подобра иднина на сите граѓани. Денеска во современ Охрид кој е идеален склоп на традиционалното и модерно време со понос и посебен пиетет се присетуваме на секој живот и секоја жртва дадена за слободата на Охрид кои се траен потсетник и патоказ за изградбата на уште поуреден и понапреден град. Не заборавајќи го делото на нашите предци,на крваво спечалената слобода го градиме и развиваме Охрид, продолжувајќи онаму каде што генерациите пред нас застанале, потенцира градоначалникот Георгиески.

Свечената општинска академија која се одржа во ОМУ „Методи Патче“ беше збогатена со настапот на градскиот мешан хор „Вокс Лихнидос“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави