ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Десетина улични кучиња отруени во центарот на Охрид

Охрид, 7. ноември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Десетина улични кучиња се отруени во текот на денешниот ден, откако јаделе од храна со отров, која била оставена во центарот на градот, реагираат граѓанските активисти.

– До кога ќе се толерира ова масовно труење? – прашуваат тие, по најновиот случај на масовно труење на кучиња.

Уличните кучиња се долгогодишен проблем на Охрид. До овој момент нема потврдена информација за тоа кој и кога го расфрлал отровот, а за телата од мртвите кучиња ќе се погрижат вработените во ЈП „Охридски комуналец“.

Со оглед на фактот дека во близина на местата каде се најдени мртвите кучиња има локали и видео-надзор, се очекува, полицијата да го прегледа и да го најде сторителот. (Крај)

извор: Тв Сител фото: Тв Сител

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави