Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Посебни безбедносни мерки во Охрид за средбата на Заев, Вучиќ и Рама

Охрид, 8. ноември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Во врска со претстојната трилатерална средба на претседателите на Македонија, Србија и Албанија, што викендов ќе се одржи во Охрид, Секторот за внатрешни работи од Охрид, презема соодветни безбедносни мерки.

– Активностите се насочени кон сообраќајно и физичко обезбедување на сообраќајниците за што, остварени се контакти со сите правни субјекти одговорни за одржување на патиштата и улиците во градот, со Фондот за комунални дејности, сообраќај и улици при општина Охрид, со Јавните претпријатија како и со други релевантни субјекти. Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид почна со известување до сопствениците на патнички и други моторни возила за дислокација на возилата од паркинг местата на потегот булевар „Туристичка-,„АСНОМ“-кеј „Македонија“ како и на улиците „Партизанска“ до „Јане Сандански“. На тие сообраќајници нема да биде дозволено запирање или паркирање на моторни возила. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат насоките и укажувањата на полициските службеници, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави