Избор Спорт ТОП ВЕСТИ

ГФК Охрид Лихнидос дома го пречекува Кораби

Охрид, 8. ноември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Фудбалерите на ГФК Охрид Лихнидос викендов играат на домашен терен.

Во рамки на 12-то коло од Втората македонска лига ја пречекуваат екипата на Кораби.

Натпреварот ќе се одигра в недела, 10-ти ноември, на СРЦ „Билјанини извори“ со почеток во 13:00 часот. Овој натпревар ќе биде од посебно значење за клубот и за навивачката група „Рибари“ која ќе го прослави 30-от роденден.

Инаку ГФК Охрид Лихнидос е на последната позиција на табелата со 7 бодови. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави