Избор Спорт ТОП ВЕСТИ

РК Охрид пред своја публика ќе се „пресмета“ со Тинекс Пролет

Охрид, 8. ноември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Охридските ракометари ја започнуваат втората фаза од есенската полусезона во Супер лигата.

В недела, 10-ти ноември на домашен терен ги очекува дерби натпреварот со Тинекс Пролет, единствениот тим од кој сезонава беа поразени.

– Традиционално за нас тимот наТинекс  Пролет е многу незгоден ривал и само тој успеа да не победи во досегашниот дел од сезоната. Им должиме за тој пораз и за ланската елиминиција во трката за плејофот. Најголем мотив за победа ќе биде јубијелот и роденденот на „Рибарите“ кои ни се ветар во грб во текот на овие осум сезони. Со победата на најдобар начин ќе им го честитам роденденот а ние ќе се доближеме чекор поблиску до плеј – офот, вели капитенот на „гладијаторите“, Крсте Андоновски.

Натпреварот е со поќеток во 17:00 часот во спортската сала „Билјанини извори“.

Играч плус и овој пат ќе им бидат навивачите на „Рибари“ кои го одбележуваат големиот јубилеј 3 децении постоење. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави