Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Сообраќајка на булевар „Туристичка“, повреден пешак

Охрид, 8. ноември 2019 (ОХРИДПРЕС) – На 7-ми ноември 2019 година, во 23:10 часот, на булевар „Туристичка“ во Охрид, патничко возило марка „Шкода октавија“, со охридски регистарски ознаки, управувано од 44-годишниот Д.К. од Охрид, удрило во 27-годишниот пешак Џ.А. од Струга.

– Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Општата болница во Охрид за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Охрид, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави