Спорт

Фетел: Леклер нема да биде тим-лидер во 2020 година

Лондон, 9. ноември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Себастијан Фетел пред неколку дена изјавил дека конечниот пласман во шампионатот оваа година нема да го одреди првиот возач на Ферари во сезоната 2020.

Ова значи дека тој смета дека е остане прв возач на Скудерија и во случај Шарл Леклер да заврши пред него во конечниот пласман за 2019 година.Леклер, на две трки до крајот на сезоната, во генералниот пласман има 19 бода повеќе од Фетел.

Логично во Ферари не сакаат да зборуваат на оваа тема. Од таму ставаат до знаење дека во последните две трки ќе се обидат еден од нивните возачи да го освои третото место на кое сега се наоѓа Макс Ферстапен.

„Не можеме да биде на првото и второто место (таму се Хамилтон и Ботас), поради што е логично дека ја сакаме третата позиција“, изјавил Фетел.

Доколку се направи споредба на сезоната која ја возат Фетел и Леклер тоа би изгледало вака.

Леклер е подобар во квалификациите (10:7), а од трката за Големата награда на Франција Леклер во квалификациите девет пати бил пред својот тимски колега Фетел.

„Леклер е одличен во квалификациите, чесно е да се каже тоа. Јас оваа година немав добри сесии. Од разни причини не бев добар на некои патеки. До крајот на сезоната моја цел е да се претставам во најдобро светло во квалификациите, а не само на трките“, заклучил Фетел. (Крај)

извор: Топспорт фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави