Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Тачи: Одбив да учествувам на Охридскиот самит

Приштина/Охрид, 10. ноември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Претседателот на Косово Хашим Тачи на својот профил на Facebook напиша дека одбил да присуствува на самитот во Охрид.

– Како претседател на Република Косово, сакам да ги известам граѓаните дека одбив да учествувам на Охридскиот самит. Оваа одлука за не учество се заснова на неколку постојни аргументи. Прво, Косово беше намерно занемарено од Србија на Првиот самит на оваа нова регионална иницијатива. Второ, единствената визија на Косово останува членството во ЕУ и НАТО. Затоа, ние не сакаме во никој случај да ја замениме нашата евроатлантска перспектива со која било регионална иницијатива. И трето, оваа регионална иницијатива е безначајна се додека Србија и Босна и Херцеговина не ја признаат независноста на Косово. Косово е посветено на добрососедство и отстранување на пречките за слободата на луѓето и стоките. Но, Косово не може да биде дел од таков самит, на кој учествуваат држави кои сè уште не ја признаваат реалноста на независно Косово. Ние сме посветени на надминување на тековните пречки преку дијалог и меѓусебно препознавање. Само кога тоа ќе се случи, ние ќе станеме дел од ваквите регионални иницијативи како еднакви држави, порача Тачи.

Трилатерална средба на Заев, Рама и Вучиќ во пресрет на утрешната средба во Охрид

Денес во Охрид ќе се одржи работниот дел од состанокот на Премиерите на Македонија и Албанија Зоран Заев и Еди Рама и Претседателот на Република Србија Александар Вучиќ. Синоќа тие одржаа трилатерална средба на која разговараа и ја утврдија декларацијата со листа на приоритети и мерки за подобрување на регионалната соработка. Оваа декларација со листа на приоритети и мерки доаѓа по претходната нивна заедничка средба во Нови Сад.

Во основата на декларацијата е соработката, заедничкиот ангажман и елиминирање на сите препреки за слободно движење на луѓе, добра, услуги и капитал, како придонес за граѓаните од сите земји од регионот во остварувањето на заедничка крајна цел – полноправно членство во ЕУ. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави