Избор Спорт ТОП ВЕСТИ

ГФК „Охрид Лихнидос“ денес на домашен терен ја пречекува екипата на „Кораби“

Охрид, 10. ноември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Фудбалерите на ГФК Охрид Лихнидос денес играат на домашен терен.

Во рамки на 12-то коло од Втората македонска лига ја пречекуваат екипата на „Кораби“.

Натпреварот ќе се одигра на СРЦ „Билјанини извори“ со почеток во 13:00 часот. Овој натпревар ќе биде од посебно значење за клубот и за навивачката група „Рибари“ која ќе го прослави 30-от роденден.

Инаку ГФК „Охрид Лихнидос“ е на последната позиција на табелата со 7 бодови. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави