Избор Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

Охрид денес ќе „гори“ од факели и навивачки песни – „Рибарите“ слават 30 години постоење

Охрид, 10. ноември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Сé е подготвено за јубилејната прослава на охридската навивачка група „Рибари“ со која одбележуваат 30 години постоење.

Три децении заедно, цврста и обединета во спортските височини, уште поединствена за време на падовите, навивачката група „Рибари“ пред неколку месеци ги започна подготовките за големиот јубилеј, а завршницата, спортскиот спектакл на годината како што го најавија ќе се одржи в недела, 10-ти ноември.

– Како навивачи сме стекнале многу пријатели, кои верувам дека без разлика на која навивачка група припаѓаат, ќе ни се придружат на јубилејната прослава. Посебно драги гости ќе ни бидат навивачите од пријателска навивачка група од Словенија, со кои градиме прекрасни пријателски односи, рече Мартин Казанџиски на гостувањето во емисијата Радио Корнер на Супер радио.

Image may contain: 1 person, sitting

Навивачите прво ќе бидат играч плус на фудбалскиот натпревар меѓу Охрид Лихнидос и Кораби што ќе се одигра на СРЦ „Билјанини извори“ од 13:00 часот. Главниот собир е во 15:00 часот на плоштадот кај стариот Чинар, од каде навивачите во кортео ќе се упатат кон спортската сала „Билјанини извори“ каде од 17:00 часот силите во ракометното дерби од Супер лигата ќе ги одмерат Охрид и Тинекс Пролет. По овој натпревар ќе биде приредено големо пиротехничко шоу на градскиот кеј.

„Рибарите“ велат дека нивна амбиција е постојано да растат како навивачка група и што повеќе да ја внесат ултрас културата кај најмладите, односно сите оние што сакаат да станат навивачи, да научат што значи ултрас движењето, дека цел живот се навиачи, а не само оние 90 минути за време на натпреварот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави