Спорт

АТП: Федерер поразен на стартот на завршниот турнир во Лондон

Лондон, 11. ноември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Доминик Тим со 2-0 во сетови го победи Роџер Федерер во првото коло на АТП завршниот турнир во Лондон.

Втора година по ред Роџер Федерер го губи првиот меч на АТП финалето во Лондон, овој пат беше поразен од Доминик Тим,и двата сета беа идентични, Тим ги доби со 7-5 и 7-5.

Претходно во оваа група Новак Ѓоковиќ го демолираше Беретини, Србинот загуби само три гема 6-2 и 6-1.Во второто коло Федерер игра со Ѓоковиќ, а тим против Беретини.

Првото коло во групата А е закажано за денеска со пресметките Данил Медведев – Стефанос Циципас од 15.00 часот и Надал – А. Зверев во 21.00 часот. (Крај)

извор: Мкд.мк фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави