
ГФК Охрид Лихнидос освои само еден бод по средбата со Кораби
Охрид, 11. ноември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Фудбалерите на ГФК Охрид Лихнидос ги поделија бодовите со екипата Кораби од Дебар.
Иако имаа водство од 1-0 на полувреме, кое го имаа уште од 6-та минута благодарение на Никола Секулоски, сепак по грешка на домашниот голман во 71-та минута гостите изедначија, резултат што остана до крајот на натпреварот.
Охридските фудбалери и натаму се на дното на табелата со 8 бодови исто колку и Кадино.
Во следото коло играат на гости во Битола кај Пелистер. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: Охрид Лихнидос
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |

