Спорт

НБА: Дончиќ одличен, Маверикс немоќни пред Селтикс (Видео)

Бостон, 12. ноември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Бостон Селтикс против Далас Маверикс ја забележаа шестата победа во низа и со скор седум победи и еден пораз ја предводат табелата во Источната конференција во НБА лигата.

Синоќешните натпревари ги обележа и дуелот помеѓу ЛА Клиперс и Торонто Репторс. Каваи Ленард го одигра првиот меч против тимот со кој минатата сезона ја освои титулата.

Бостон играат одлично од почетокот на сезоната. Далас Маверикс се нивната последна жртва. Селтикс победија 116:106, благодарение на серијата 17:3 што ја направија во завршните минути од последната четвртина.

Кемба Вокер постигна три тројки во таа серија, а мечот го заврши со 29 поени. Одличен меч за Селтикс одигра и Џејлен Браун (25 поени, 11 скока).

Целиот текст прочитајте го ОВДЕ

извор: Топспорт фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави