Спорт

Лучано Спалети во Фиорентина?

Фиренца, 12. ноември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Лучано Спалети наскоро ќе го заменел Винченцо Монтела на тренерската функција во Фиорентина, тврдат италијанските медиуми.

Клубот од Фиренца сезонава има промениви резултати оваа Серија А, последниот пораз од Калјари (5:2) само ги засили шпекулациите за смена на тренерот.

Единствен проблем за Фиорентина е како да ја обезбеди платата на Спалети. 60 годишниот тренер откако доби отказ во Интер остана на платниот список на „Џузепе Меаца“.

Лучано Спалети во кариерата водел многу клубови, а последните неколку сезони ги мина во Зенит, Рома и Интер. (Крај)

извор: Топспорт фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави