Избор Спорт ТОП ВЕСТИ

Одлични резултати за охридските стрелци на меѓународниот турнир „Пирин 2019“

Охрид, 13. ноември 2019 (ОХРИДПРЕС) – На стрелиштето во спортскиот комплекс во Благоевград, Бугарија се одржа меѓународниот турнир во гаѓање со воздушно оружје-меѓународна програма „Пирин 2019“ на кој настапија и охридските стрелци.

Во категорија на млади јуниори, Бојан Спасеновски се пласира на третата позиција со резултат од 384.5, додека Марија Ангеловска во категорија млади јуниорки (до 15 години) се пласира на третата позиција со резултат 364.1.

Во истата категорија настапи и Калина Чепуњоска која се пласира на петтата позиција со резултат 359.4. Јована Милевска во квалификациите застана на втората позиција со резултат од 607.9 со што обезбеди влез во финале, но работите не се одвиваа во нејзина полза, па во финалето се пласира на петтата позиција со резултат од 177.4, останувајќи без пласман во првите три позиции.

Во истата категорија настапија и Марија Ванѓеловска со резултат од 576.8 и Ива Маленко со резултат од 576.2 кои завршија на 11-тата односно 12-тата позиција. Прво финале имаше и Кристијан Џепароски, кој во квалификациите се пласира на четвртата позиција со резултат 571.8, за да и во финалето повторно остане на четвртата позиција со резултат 184.6 круга. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави